Иванишевиќ: Побргу ќе го освојам Умаг отколку што ќе му дозволат на Новак да влезе во САД

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ не е оптимист дека српскиот тенисер ќе добие дозвола да настапи на Ју-ес опен. Тој во својата изјава за хрватските медиуми зборуваше за различни тениски теми, а мораше да го допре и својот пулен.

Иванишевиќ го прослави својот петти Грен слем трофеј како тренер годинава. Еднаш ја прослави титулата на Марин Чилиќ, а четири пати на Новак Ѓоковиќ.

„Никогаш не мислев дека ќе имам повеќе Грен слемови како тренер отколку како играч. Колку подолго игра Новак, не се сомневам дека има повеќе. Целта е тој да игра и да му биде дозволено да игра“, изјави Иванишевиќ.

Горан во свој стил одговори за шансите на Ѓоковиќ да игра во Америка на Мастерсот и ју-ес опен.

„Поголем оптимист сум дека ќе го освојам Умаг, ако Томислав ми даде покана, него дека Новак ќе добие дозвола да влезе во САД. Тешка година, тажна година, започна со катастрофа во Австралија. Мислам дека одлуката на АТП да не дели бодови на Вимблдон е сосема луда и погрешна“, додава Иванишевиќ.

Треба да знаете
Последни објави