Левандовски откри поради кого од Минхен се пресели во Барселона

Полскиот фудбалски интернационалец Роберт Левандовски, признава дека поради тренерот на Барселона, Чави Ернандез, решил да се пресели на „Камп Ноу“. Гол-мајсторот со судни маки успеа да побегне од Минхен, каде престојуваше 9 години.

-Повеќе пати разговарав со Чави за трансферот, знам кои се неговите идеи. Одлуката да дојдам во Барселона беше доста лесна, затоа што сум фудбалер кој сака да победува. Мислам дека тоа со Чави е можно. Тој знае да води голем клуб каков што е Барселона. Беше одличен играч, сега ќе биде уште подобар тренер. Имам одлична иднина и сакам да бидам дел од неа, порача Левандовски.

Неговиот трансфер ќе изнесува 50 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави