Иако сѐ начелно беше договорено во изминатиов период, трансферот на македонскиот лев бек Езџјан Алиоски пропаѓа во турскиот првак Трабзонспор, објавија денеска низа турски медиуми.
Повеќе од еден месец во турските медиуми се најавуваше доаѓањето на Алиоски, зашто Трабзон притискаше за да го ангажира после ланскиот неуспех да го донесе кога левиот бек од Лидс замина во Саудиска Арабија и сега одеднаш сѐ наводно пропаѓа.
Весникот „Сабах“ ја објави информацијата дека Трабзон се откажал од Алиоски, зашто процениле дека Емран Емрели, кого претходно го доведоа на левата бековска позиција е доволен и македонскиот репрезентативец не им е потребен.
Пред една недела, беше најавено со потврда и од медиуми од С. Арабија дека Алиоски ќе дојде на едногодишен заем и ќе треба да заработи три милиони евра од кои половина милион ќе го плаќа неговиот Ал Ахли со кого лани потпиша двегодишен договор.
Алиоски во минатата сезона во С. Арабија даде шест гола и имаше девет асистенции во 28 меча и беше избран за најдобар лев бек во лигата.