Елмас останува во Наполи и во новата сезона

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас останува во Наполи и во претстојната сезона од Серија А. Првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис, ги одбил понудите за него.

Наполи добил понуди од Милан и од Торино за Елиф Елмас, но Де Лаурентис кажал категорично „не“ за заминувањето на Македонецот, тврди италијанскиот „Ил Матино“.

Одговорот на „наполитанците“ бил дека во овој момент Елиф Елмас не е на продажба и дека му е потребен на тимот за новата сезона.

Треба да знаете
Последни објави