Ракометарките на Чаир, Куманово, Металург и шампионот Ѓорче Петров денеска со жрепка ги добија противниците во второто коло во Европскиот куп во женска конкуренција.
ЖРК Ѓорче Петров европската сезона ја отвора против КА Пор од Исланд, а ЖРК Чаир за противник го доби косовски Истогу.
Ракометарките на ЖРК Куманово ќе играат против израелски Макаби Рамат Ган, додека грчки ПАОК е противник на ЖРК Металург.
Првите натпревари ќе се играат на 8/9 октомври, а реванш средбите на 15/16 октомври 2022 година.