Директорот на Интер Мајами, Ксавиер Асенси изјави дека еден од најдобрите фудбалери Лионел Меси следната година би можел да игра во американскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми. Интер, во ко-сопственост на легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, има амбициозни планови за иднината.
„За да станеме препознатливо лице на американскиот фудбал, тоа треба да го покажеме на теренот со тоа што во тимот ќе имаме врвни играчи. Меси не може да се споредува со ниту еден друг фудбалер. Нашата цел е да ги ангажираме најдобрите, а Меси е пред сите други. Дали е реално дека ќе дојде кај нас? Се зависи од тоа што сака. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата“, изјави Асенси за „Мундо депортиво“.
Меси минатата година пристигна во ПСЖ од Барселона, а има договор со францускиот клуб до јуни 2023 година.
Тој одби да го продолжи договорот со „светците“, со образложение дека конечната одлука ќе ја донесе по завршувањето на Светското првенство во Катар.
Интер моментално е на деветтото место во поредокот на Источната конференција на МЛС.