Во пресметката на екипите од регионов покрај случувањата на теренот имало и судири надовр од него. На дуелот во Тирана мешу истоимената екипа од Албанија и тимот на босанскиот Зрињски се судриле полицијата и навивачите од Мостар. Откако гостите победија 1:0, навивачите почнале да слават околу стадионот, па кога наишла полицијата настанала жестока пресметка.
„Еуроњуз Албанија“ објави видео на кое се гледа како навивачите фрлаат столчиња и други предмети кон полицијата, а таа потоа фрлила солзавец и физички се пресметала со некои од нив. „Факс њуз“ пренесува оти 25 лица биле приведени, а по еден навивач и полицаец биле повредени и префрлени во болница. Двајцата се надвор од животна опасност.
Медиуми од БиХ пишуваа и дека полицијата била брутална и дека крвнички со клоцање тепала навивачите.