Нагелсман: Барса нема пари, а носи скапи засилувања

Тренерот на германскиот фудбалски првак Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, во преодниот рок остана без најдобриот стрелец Роберт Левандовски. Полјакот во наредниот период ќе игра за Барселона.

Младиот стручњак летово ги коментираше потезите на Каталонците, зачуден е како клубот работи во преодниот рок.

Барселона има огромни финансиски проблеми од почетокот на пандемијата, но и покрај тоа некако успева во своите редови да донесе познати и скапи светски имиња.

„Тие не го доведоа само Роберт, туку и многу други играчи. Да бидам искрен, не знам што се случува. Се чини дека тие се единствениот клуб во светот кој нема пари, а може да потпише засилувања. Тоа е малку чудно и лудо“, изјави Нагелсман.

Пред Левандовски, за кого тимот од „Камп Ноу“ плати отштета од 45 милиони евра, Рафиња пристигна од Лидс Јунајтед за 58 милиони евра. Андреас Кристенсен и Франк Кеси летово пристигнаа во Барселона како слободни играчи.

Треба да знаете
Последни објави