Женската фудбалска репрезентација на Англија вечерва ќе се соочи со Шпанија на стадионот во Брајтон во четвртфиналето на УЕФА Европското првенство во фудбал за жени 2022 кое се одржува во Англија.
Победниците на овој натпревар во првото полуфинале ќе се соочат со победникот на четвртфиналето помеѓу Шведска и Белгија кое се игра во Шефилд во среда.
Англија во групната фаза постигна рекордни 14 гола без ниту еден пораз и примен гол, додека, Шпанија имаше две победи и еден пораз од Германија.
Претходно, Англичанките настапуваа во четвртфинале на Европското првенство во 2009 година, кога ја совлада Финска, и во 2017 кога беа подобри од Франција.
Шпанија од своите досегашни учества на ЕВРО беше поразена од Норвешка во 2013 година и загуби на пенали од Австрија во 2017 година.
Правдата на четвртфиналето помеѓу Англија и Шпанија вечерва од 21 часот ќе ја дели Французинката Стефани Фрапарт, а ќе ѝ помагаат сонародничките Елоди Копола и Мануела Николоси. Четврт судија на натпреварот е Лина Лехтовара од Финска.
Второто четвртфинале помеѓу Германија и Австрија се игра утре, додека, Шведска и Белгија ќе се сретнат во четврток, а Франција и Холандија во петок. Сите натпревари се одигруваат од 21 часот.