Барселона победнички ја почна турнеата во САД, демонстрирајќи ефикасна игра против тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами прпотив кого постигна половина дузина голови 6:0.Иако Чави не беше на натпреварот, поради проблеми со визата, неговиот тим функционираше надмоќно. Се истакна Бразилецот кој дојде од Лидс, Рафиња, бидејќи постигна дебитантски гол, а двапати беше асистент.
Ревијата голови почна во 19. минута, кога по една убава акција, на додавање од Рафиња, Обамејанг погоди за водство од 1:0. Бразилецот биеше прецизно пет минути подоцна, а во 40 минута го проигра Ансу Фати за 3:0.
Во вторите 45 минути излезе нова постава на Каталонците, а мрежата на Интер Мајами ја тресеа Гави, Депај и Дембеле. Допрва се очекува деби и на Роберт Левандовски, кој од пред еден ден е во тимската база на Флорида, а синоќа официјално ставил потпис на четиригодишен договор со Барселона.
Recupera los goles de la victoria de hoy en Miami ???? pic.twitter.com/tON7pLNsEo
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 20, 2022