Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, го продолжи договорот со клубот кој истекува следното лето, пренесува шпанскиот весник „Марка”.
Официјалното потпишување на договорот се очекува да биде следната недела.
Облак досега има настапено на 352 натпревари за Атлетико, откако се приклучи од Бенфика во 2014 година за 16 милиони евра.
Новиот договор ќе значи дека во клубот останува повеќе од една деценија.