Петиција за Ѓоковиќ да игра на Ју-ес опен

Речиси 13.000 луѓе потпишаа онлајн петиција со која ја повикуваат Тениската асоцијација на САД да најде решение заедно со владата на земјата за да може Новак Ѓоковиќ да настапи на Ју-ес опен.

Сегашните правила велат дека невакцинираните странци не можат да влезат во САД, што значи дека Ѓоковиќ не може да се натпреварува на последниот Грен слем во сезоната.

„Во оваа фаза на пандемијата, нема апсолутно никаква причина да не се дозволи Ѓоковиќ да се натпреварува на Ју-ес опен во 2022 година. Владата на САД и УСТА мора да соработуваат и да му дозволат да игра. Ако можат да играат невакцинирани Американци, мора да му се дозволи на легендата на тенисот да игра во Њујорк. Направете го тоа, УСТА“, стои во текстот на петицијата на веб-страницата „change.org“.

Ѓоковиќ неодамна на Вимблдон ја освои својата 21. Грен слем титула.

Новак во Њујорк славеше три пати (2011, 2015, 2018). Ју-ес опен оваа година ќе започне на 29.август.

Треба да знаете
Последни објави