Чачиќ: Примивме многу евтини голови

Македонскиот шампион Шкупи ремизираше на гости против Динамо Загреб во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тренерот на хрватскиот тим Анте Чачиќ вели дека примиле два евтини гола и тоа не смеат да го дозволат на реваншот.

„Добро е што веќе нема правило за гол на гости. Задоволен сум од второто полувреме кога ги стиснавме. Тоа е фудбалот, примивме два евтини гола, а Македонците покажаа дека се цврст тим. Силни се во дуелите, брзи се, непријатни им се крилата. Не смееме да ги повторуваме овие грешки, тие се многу скапи. Сакавме да доминираме од самиот почеток, но имаме многу проблеми во средината ма теренот. Второто полувреме покажа дека можеме и мораме да го повториме тоа“, изјави Анте Чачиќ.

Победникот од овој двомеч продолжува во третото коло против победникот од натпреварот меѓу Лудогорец и Шамрок (3:0).

Треба да знаете
Последни објави