Прволигашката фудбалска сезона во Македонија ќе стартува на 6 август. Денеска во просториите на ФФМ беше извршена полудиригирана ждрепка за натпреварувачките броеви според кои е составена натпреварувачкиот календар.
Во ждрепката се најде и екипата на Ренова, иако непознато е дали „гипсарите“ ќе бидат дел од фудбалската елита во новата сезона.
Шкупи како актуелен првак на стартот ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш, Шкендија ќе игра против Скопје, додека Академија Пандев ќе ги одмери силите со Брегалница од Штип.
Прво коло, ПРВА МФЛ:
Шкендија – Скопје
Силекс – Работнички
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Љум – Победа
Тиквеш – Шкупи
Македонија Ѓ.П. – Ренова
Комплетниот распоред до 22-то коло може да се види на следниот ЛИНК