Бред Пит се бори со убијци во акциониот трилер „Брз воз“

Холивудската ѕвезда Бред Пит се бори со убијци во брз воз кој патува низ Јапонија во новиот филм Bullet Train, акционен трилер во кој повторно се обедини со режисерот Дејвид Лич кој порано беше негов каскадер.

Насловот на филмот е асоцијација на јапонскиот воз-куршум.

Пит го глуми Лејдибаг, несреќен атентатор кој сака да ја заврши својата задача пред да се најде себеси во борба со низа опасни противници, сите со мисии поврзани со неговата, во брзиот воз.

Филмот е заснован на романот на Котаро Исака од 2010 година, а во него, покрај Пит глумат и Сандра Булок, Зази Бец, Арон Тејлор-Џонсон, Џои Кинг, Брајан Тајри Хенри, Мајкл Шенон и Хиројуки Санада.

„Дејв всушност беше мојот каскадер во 98-та…Се запознавме на снимањето на Fight Club и тој ме тренираше за борба и тоа функционираше толку добро“, рече Пит на прес-конференција во Берлин во вторникот (19 јули), говорејќи за режисерот на филмот.

„Продолживме со соработка со еден куп други филмови, а потоа ме остави да правам други работи, а сега се врати во полн круг, па навистина е убаво што го имам како шеф сега“.

Филмот содржи многу акробации и борбени сцени додека убијците сите се обидуваат да го земат мистериозниот куфер.

Лич, кој ги режираше Atomic BlondeDeadpool 2 и Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw, рече дека настојувал да го балансира насилството во филмот со комедија.

Треба да знаете
Последни објави