Загрепски Динамо во вторник ќе дојде во Скопје на реваншот против македонскиот фудбалски првак Шкупи без резултатска предност попрвите 90 минути на Максимир (2:2) и со многу играчки главоболки. Тренерот Анте Чачиќ ќе мора да „експериментира“ во дефанзивната линија поради отсуство на тројца централни дефанзивци.
На „Максимир“ после 15 минути игра се повреди дефанзивец Јосип Шутало (22) и првите дијагнози не се добри за фудбалерот, има повреда на бутниот мускул и за него веројатно се завршени европските квалификации. Точната дијагноза ќе се знае денеска, но Чаќиќ веќе го најави едно ипол месечното отсуство.
„Шутало има повреда на квадрицепсот, минимално шест недели пауза“, рече Чачиќ.
Но, проблем е што се повреди и Кевин Теофил, кој заработи повреда на задната ложа и е крајно неизвесен за настап, а неспремен е и Бошко Шутало, кој сѐ уште не е во комбинација за настап.
Така Динамо за реваншот со Шкупи има само двајца стопери, Дино Периќ и Расмус Лауритсен, па веројатно оваа „стоперска криза“ ќе го натера Чачиќ од листата на отпишани да го повлече Емир Дилавер и тој да остане дел од тимот за загрепчани да имаат повеќе опции во следниот период.