Адетокумбо потврди дека ќе игра на ЕП

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо на социјалните мрежи објави слика со која практично потврди дека летово ќе игра за националниот тим. Јанис закачи слика од салата во опремата на грчката репрезентација и како опис го стави знамето на својата земја и зборовите „Наскоро“.

На крајот на август Грција ќе одигра квалификациски натпревари за Светското првенство, најпрвин против Србија на 25.август во Белград, а потоа ќе ја пречека Белгија.

Јанис е грчки репрезентативец од 2014 година.

За репрезентацијата одигра вкупно 49 натпревари, а последно натпреварување на кое настапи е Светското првенство што се одржа во Кина во 2019 година.

На Евробаскетот Грција игра во групата Ц во која се и селекциите на Естонија, Украина, Велика Британија, Италија и Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави