Германија ќе се соочи со Австрија на стадионот во Брентфорд, Англија, во рамките на четвртфиналето од УЕФА женското Европско првенство 2022 година.
Победниците од овој натпревар ќе се сретнат со победниците во четвртфиналето помеѓу Франција и Холандија кое се одигрува во петок.
Германија, во групната фаза извојува победа во сите три натпревари и тоа против Данска, Шпанија и Финска. Додека, Австрија во разигрувањето загуби од Англија, а ги совлада Северна Ирска и Норвешка.
Репрезентацијата на Германија досега го има освоено Европското првенство осум пати, додека, најдобар пласман на ова натпреварување на Австрија ѝ е полуфиналето во 2017 година.
Судиската тројка на натпреварот е од Англија, во која главна судијка е Ребека Велш, асистенти Сиан Мејси и Лиса Рашид. Четвртата судијка на натпреварот е Ирена Деметреску од Романија.
Англија е првиот полуфиналист кој вчера избори пласман во полуфиналето на ЕВРО 2022, откако пред 29 000 гледачи на домашен терен во Брајтон ја совлада Шпанија по продолженија со 2-1.
Во преостанатот четвртфинален натпревар утре ќе се соочат Шведска и Белгија.