Новото засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњез, се покажа во фантастично голгетерско издание на пријателскиот меч против Лајпциг. Англискиот тим славеше со 5:0, а Дарвин Нуњез постигна четири гола, комплетирајќи хет – трик за само 23 минути.
Серијата на Ливерпул ја отвори Мохамед Салах.