Офанзивниот играч за врска го напушти „Олд Трафорд“ летово како слободен агент откако му истече договорот. Поранешната голема надеж на англискиот фудбал си најде одличен ангажман, барем ако се суди според личните услови кои ќе ги добива во новиот тим.
Според шпекулациите во англиските медиуми Форест му понудил на Лингард договор со фантастична плата од 200.000 фунти неделно. Англичанецот синоќа минал дел од медицинските прегледи, а се очекува наскоро и да го потпише договорот со повратникот во елитата.
Интересно и Вест Хем беше заинтересиран за Лингард, тим во кој преклани играше како позајмен фудбалер, но „чеканите“ понудиле „само“ 150.000 фунти неделно.