На Роналдо му преостанаа две опции

Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, има само две опции за продолжување на кариерата, да остане во клубот од „Олд Трафорд” или да премине во редовите на Атлетико Мадрид, пренесува францускиот весник Л’ Екип.

Роналдо по секоја цена сака да игра во Лигата на шампиони, а Јунајтед во новата сезона ќе настапува во Лига Европа.

Менаџерот на португалскиот репрезентативец, Жорж Мендеш, претходно им го понуди Роналдо на Баерн Минхен, Челзи и Интер, но овие клубови се откажаа од трансфер.

Францускиот весник наведува дека Мендеш сега е во преговори со мадридски Атлетико, додавајќи оти доколку искусниот менаџер не успее да му најде на Роналдо клуб со кој ќе може да игра во Лигата на шампиони, тоа ќе го смета за личен неуспех.

Треба да знаете
Последни објави