Украинецот Александар Зинченко од Манчестер Сити е нов играч на Арсенал.
Дваесет и пет годишниот фудбалер се согласил со договор од 30 милиони фунти, кој вклучува 2 милиони фунти додатоци.
Тој потпишал долгорочен договор со лондонскиот клуб и е нивното петто потпишување ова лето.
– Алекс е висококвалитетен играч кој ќе ни даде опции и разновидност, рече шефот Микел Артета.
Зинченко е вториот играч кој се пресели од Сити во Емирати ова лето. Бразилскиот напаѓач Габриел Исус им се придружи на Топџиите за 45 милиони фунти претходно овој месец.
Младиот фудбалер има забележано 128 настапи за Манчестер Сити и 52 за неговата земја Украина.