Лајлс и Шерика Џексон се светски шампиони на 200 метри

Спринтерите на 200 метри беа главните ѕвезди синоќа на Светското првенство во атлетика кое се одржува во американскиот Јуџин. Американскиот атлетичар Ноа Лајлс стигна до златниот медал во оваа трка со неверојатно постигнување од 19.31 секунда што е четвртото најдобро време во историјата на оваа патека.

И сребрениот и бронзениот медал останаа во САД, а ги освоија Кенет Беднарек и новото чудо од дете, Еријон Најтон.

Актуелната олимписка шампионка, Илејн Томпсон-Хера заврши како седмопласирана.

Треба да знаете
Последни објави