Сенегалскиот напаѓач Садио Мане (30) втор пат во кариерата е прогласен за најдобар африкански фудбалер.
Новото засилување на Баерн Минхен прв пат наградата ја освои пред три години, а годинава го заслужи признанието со одличните настапи во дресот на Ливерпул и сенегалската репрезентација.
На почеток на февруари Мане ја освои и титулата континентален првак, прв пат во историјата на Сенегал, а токму тој го реализираше последниот пенал во финалето против Египет.
Исто така, Мане со Сенегал избори и пласман на Мундијалот во Катар.
Второто место во изборот му припадна на египетскиот напаѓач Мохамед Салах од Ливерпул, а третот на сенегалскиот голман Едуардо Менди од Челзи.