Популарна цена на влезниците да реваншот Шкупи – Динамо

Македонскиот фудбалски првак Шкупи откако изненади на Максимир против фаворизираниот повеќекратен хрватски шампион Динамо Загреб (2:2) во првиот квалификациски меч од 2. коло во Лигата на шампионите одлучи да ја заврши целата приказна пред полни тирбини на 26. јули на Арената „Тодор Проески“. За таа цел раководството на чаирчани одреди цена на влезници од по 150 денари за да можат сите љубители на фудбалот да дојдат во што поголем број на стадион.

Влезниците можат да се купуваат од денеска. Покрај влезниците од по 150 денари, има и за љубителите на фудбалот кои сакаат привилегирани позиции на трибините, но ќе одвојат повеќе пари. По 300 денари за ВИП на јужната трибина и 1.000 денари за ВИП на северната.

Продажбата ќе се врши на плоштадот Скендербег и на стадионот на Шкупи во Чаир.

Денеска продажбата ќе се одвива од 15 до 20 часот, а во другите денови од 12 до 20 часот. На денот на натпреварот влезница ќе може да се купи на Арената „Тодор Проески“ од 18 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави