Гол и две асистенции на Чурлинов против Валенсија

Дарко Чурлинов се врати во Штутгарт со цел да се докажува откако му пропадна трансферот во Шалке 04, а на денешниот натпревар против шпанскиот великан Валенсија покажа дека може сериозно да се смета на него.

Македонскиот репрезентативец си поигруваше со одбраната на Џенаро Гатузо и беше најдобар играч на теренот во убедливата победа која ја оствари Штутгарт против Валенсија.

Во еден отворен меч со напаѓачки пристап, многу поточни беа домаќините, па така остварија висока победа на „Мерцедес Бенц арената“.

Македонското крило особено дојде до израз во второто полувреме, кога двапати асистираше до своите соиграчи, а за крај ги постави конечните 5:2.

Со своите продори Чурлинов беше нерешлива енигма за одбранбените играчи на Валенсија, па на крај доби и подарок и го постигна последниот гол на мечот.

Треба да знаете
Последни објави