Најголемото засилување на Барселона, Роберт Левандовски, се уште не може да игра за каталонскиот тим, затоа што не е регистриран за клубот, пренесува германскиот „Билд“.
Барселона ги нема регистрирано ниту Рафиња, Кеси и Кристенсен, а овие фудбалери засега можат да играат само на пријателски натпревари.
Каталонците во идниот период ќе мораат да го решат овој проблем со продажба на неколку играчи меѓу кои планирани се и Френки де Јонг и Мемфис Депај.
Шпанската лига не дозволува неконтролирано носење на нови фудбалери за да се спречи можен банкрот на клубовите.