Машката младинска ракометна репрезентација на Северна Македонија ја совлада селекцијата на Луксембург со 27-23 и ќе се бори за пласман на петтото место на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија.
На паузата од натпреварот нашите ракометари заминаа со водство од 15-9.
Најдобри стрелци во нашиот состав беа Тотиќ со пет погодоци, Тодески и Шулески со по четири, додека, голманот Брестовац имаше девет одбрани.
Во натпреварот за петото место утре ракометарите ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Украина и Велика Британија, со почеток во 12 часот.