Ренова дефинитивно ќе се откаже од учество во Првата лига

Првата фудбалска лига на Македонија најверојатно ќе стартува со 11 тима, откако повторно се врати огромната неизвесност околу настапот на тетовскиот клуб Ренова во претстојната сезона 2022/23. Од Тетово доаѓаат информации дека пропаднала и последната можност за да се изнајде финансиски стабилен спонзор кој ќе застане зад клубот.

Раководството беше во преговори со спонзор од Австрија, но очигледно дека не е најден заеднички јазик.

Ждребот за Првата лига е веќе извршен, Ренова е ставена во календарот, но можно е во наредните денови да стигне и официјален допис до ФФМ дека клубот ќе се откаже од учество во македонската фудбалска елита.

Треба да знаете
Последни објави