Менаџерот на Челси, Томас Тухел, изјави дека е иритиран од начинот на кој Барселона сака да го ангажира капитенот на лондонскиот клуб, Цезар Аспиликуета. 32-годишниот дефанзивец има уште една година од договорот на „Стемфорд бриџ“ и побара од клубот да му дозволи да се врати во Шпанија.
Сепак, реагираше Томас Тухел.
„Не сум сигурен дека сакам да му дозволам на Аспиликуета да го направи тоа што тој го сака. Направив споредба како ние се боревме за Кулибали, кој е репрезентативец и на слична возраст со него. Беше исклучително важен играч за Наполи, а ние исто така имаме шпански репрезентативец кој е капитен на Челси. Не сум сигурен дека и Барселона го гледа тоа на исто ниво“, изјави Тухел.