Чемберс во 93. минута ја спаси Астон Вила од пораз од Јунајтед

Манчестер Јунајтед не успеа да оствари нова победа на претсезонската турнеја во Австралија откако одигра 2-2 против Астон Вила. Тимот на Ерик тен Хаг во последните мигови прими гол за реми.

Јунајтед поведе со голот на Џејдон Санчо во 25.минута. Пред крајот на првиот дел Мети Кеш си постигна автогол за удвојување на предноста на „црвените ѓаволи“.

Леон Бејли во 49.минута го намали резултатот, а во последните моменти Астон Вила израмни со голот на Калум Чемберс.

Треба да знаете
Последни објави