Полски ММА борец загина во Украина каде се борел како платеник

Полскиот ММА борец Томаш Валентек, кој се борел како платеник за украинската армија, загинал во борба со Русите, потврди полското здружение за боречки вештини.

Валентек бил дел меѓународните одреди за одбрана на Украина, а починал на 23 јули во борбите во Донбас.

– Со голема тага дознавме за смртта на Томаш, кој како полски волонтер се бореше во меѓународните одреди за одбрана на Украина и таму загина – соопшти Полската ММА федерација.

Валентек се прослави минатата година кога триумфира во Полскиот ММА шампионат што се одржа во Гливице.

Во биографијата која била објавена на неговиот профил на Инстаграм стои дека како како платеник се борел во Косово и во Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави