Првиот човек на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Жоан Лапорта, најави дека ќе направи се што може да стори за да го врати еден од најдобрите играчи Лионел Меси назад на „Камп Ноу“.
Аргентинецот Меси ја мина целата кариера во дресот на Барселона, а минатото лето се согласи на драстично намалување на платата, но сепак мораше да си замине, бидејќи каталонците не можеа да го регистрираат во Ла Лига поради огромните финансиски долгови. Овојпат ситуацијата е поинаква, Барселона се стабилизираше на финансиски план, па не се исклучува можноста, веќе следното лето по истекот на договорот на Меси со ПСЖ, да го врати назад во клубот каде израсна и се афирмираше
-Наша обврска е да му обезбедиме на Лео Меси многу поубав крај од оној што го имаше. Она во што јас лично верувам и се надевам е дека ерата на Меси во Барселона не е завршена. Чувствувам обврска кон него, морално, како претседател на Барселона, направив се што можев, но како човек верувам дека сите ние му должиме многу за сето она што го направи за клубот, истакна Лапорта.



