Полскиот ММА борец Томаш Валентек, кој се борел како платеник за украинската армија, загинал во борба со Русите, потврди полското здружение за боречки вештини.
Валентек бил дел меѓународните одреди за одбрана на Украина, а починал на 23 јули во борбите во Донбас.
Валентек се прослави минатата година кога триумфира во Полскиот ММА шампионат што се одржа во Гливице.
Во биографијата која била објавена на неговиот профил на Инстаграм стои дека како како платеник се борел во Косово и во Авганистан.



