Ракометната федерација на Македонија (РФМ) од 30 јули до 10 август ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки до 18 години.
Натпреварите ќе се играат во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски” и СЦ „Јане Сандански”, а влезот за навивачите ќе биде слободен.
На турнирот ќе учествуваат 32 репрезентации. Македонскиот тим ќе игра во групата Б, заедно со Иран, Сенегал и Узбекистан.
Воведниот натпревар „црвено – жолтите” ќе го играат в сабота против Сенегал, по што ќе следуваат дуелите против Узбекистан, в недела, и против Иран на државниот празник 2 август.
Сите три натпревари од групната фаза македонските ракометарки ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски” со почеток во 20:30 часот.