Нигеријката Амусан постави нов светски рекорд на 100 метри со пречки

Нигеријката Тоби Амусан постави нов светски рекорд на 100 метри со пречки во полуфиналето на СП во Јуџин.

25-годишната Амусан делницата ја истрча за 12:12 и со тоа го собори рекордот од 12,20 секунди, кој во мај 2016 година во Лондон го постави американската атлетичарка Кендра Харисон.

Иако спортистите вообичаено штедат најмногу енергија за настап во финалето, Амусан воопшто не ѝ сметаше и го собори светскиот рекорд еден ден откако постави нов африкански рекорд.

Подоцна, во финалето Амусан го освои златото и истрча 12:06, нов светски рекорд, но не беше признат поради силниот ветер во грб.

Јамајканката Британи Андерсон освои сребро, додека Порториканката Јасмин Камачо-Квин освои бронза.

Треба да знаете
Последни објави