Порталот „capology.com“ откри кои се најплатените фудбалери во шпанската Ла Лига. Во блиското минато тој примат им припаѓаше на Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои заминаа од Шпанија, па во нивно отсуство „тронот“ според заработувачката му припадна на белгиксиот интеранционалец Еден Азар од Реал Мадрид, кои по пристигнувањето од Челзи меѓу „кралевите“ не се изнаигра поради проблемите со повреди.
Белгиец Азар во Реал Мадрид играл-неиграл неделно инкасира 600.000 евра, односно 31,25 милиони евра на годишно ниво. Зад него е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, со 480.000 неделна плата или 25 милиони евра за секоја сезона.
Следува Карим Бензема со 461 илјади евра неделно, па Давид Алаба со 432.000 за истиот период, додека на петтата позиција е Серхио Бускетс со заработка од 423 илјади евра седмично. Антоан Гризман добива нешто повеќе од 400.000 евра. Винисиус Жуниор и Жорди Алба имаат иста плата, Лука Модриќ има нешто повеќе од 378.000 неделно, а новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски 360.000 евра.