Град Скопје одби парично да му помогне на РК Вардар!

Советникот Горан Шутаров во Град Скопје од редовите на СДСМ побарал да му се помогне на РК Вардар кој се соочува со финансиски проблеми в очи на новата сезона, но не наишол на разбирање кај колегите на денешната седница. Иако ја нагласил големината и значајнето за македонскиот спорт на машкиот ракометен првак и двократен европски шампион Вардар кој поради финансиски проблеми во новата сезона нема да игра и во елитното европско натпреварување Лигата на шампионите, не добил поддршка.

Шутаров го замолил Советот да му одобри финансиска инјекција на клубот во висина од 10 милиони денари, но предлогот експресно бил одбиен, со 15 гласа „За“, 13 воздржани и 3 против.

 

Треба да знаете
Последни објави