Поранешниот шпански репрезентативец Диего Коста, кој се прослави во Атлетико Мадрид и во Челзи, моментално е без клуб откако му истече договорот со бразилскиот клуб Атлетико Минеиро.
Утринава шпанските медиуми објавија дека искусниот напаѓач би можел да се врати во Шпанија, поточно во Мадрид и повторно да го облече дресот на Рајо Ваљекано.
Члениците на клубот од „Ваљекас“, на искусниот 33-годишен фудбалер му понудиле едногодишен договор и плата од 1.000.000 евра.
Кости добил финансиски подобри понуди од Саудиска Арабија и Англија, но сака да се врати во Мадрид со семејството.
Бразилецот веќе играше во Рајо на шестмесечна позајмица во 2012 година, кога постигна 10 гола и го спаси тимот од испаѓање.
По Рајо блескаше и во Атлетико Мадрид со кој стигна до финалето на Лигата на шампионите. После тоа замина во Англија и играше одлично во Челзи.