Далеку зад нас е периодот кога во маркетите сѐ што можевме да најдеме од леб беше белиот леб. Во моментов на пазарот има толку многу различни видови лебови со што изборот се ограничува единствено на вашите потреби и вкусови.
Поздравите опции за оброци, не само што во голема мера ќе придонесат за добросостојба на вашиот организам, туку во исто време ќе ви овозможат да консумирате леб, без грижа на совест.
Доколку се обидувате да откриете кој леб е најпогоден кога дијабетесот ви го ограничува изборот, време е во маркетите блиску до вас да го побарате Дија лебот.
Најновиот иновативен производ на Жито Лукс е 100% интегрален пченично-ржан леб што содржи недигестибилни јаглехидрати. Меѓу поголемиот број здравствени придобивки што ги нуди, една од најважните е регулацијата на шеќерот во крвта и одржување на истиот, и поради ваквата негова карактеристика, овој леб е поддржан од Сојузот на Здруженија на Дијабетичари на РСМ.