Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, одлучи да го стави репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на трансфер листата, бидејќи клубот од Милано има премногу напаѓачи во ростерот, објави денеска „Кориере дело Спорт”.
Италијанските медиуми тврдат дека Инзаги избирал меѓу Џеко и Аргентинецот Хоакин Коере, а на крајот донел одлука да биде прекината соработката со репрезентативецот на БиХ.
Интер овој преоден рок го донесе Ромелу Лукаку како позајмен напаѓач од Челзи.
Џеко, кој дојде во Интер минатата сезона од Рома, има договор со миланскиот прволигаш до јуни 2023 година.