Филип Лазаров го наследи Јоноски на клупата на германскиот Интерактив

Филип Лазаров е наследникот на Ацо Јоноски на клупата на германскиот клуб Интерактив Хендбол. Поранешниот македонски репрезентативец дојде како играч во Интерактив во 2018 година, а беше активен до 2021 година, кога стана тренер на вториот тим.

За Лазаров ова ќе биде прво искуство како главен тренер на некоја екипа, со која ќе се обиде сезонава да обезбеди место во Третата Бундеслига.

Во играчката кариера Лазаров ги бранеше боите на Металург, Вардар, Пелистер, Овче Поле, романскиот Темишвар, турскиот Бешикташ и германскиот Интерактив.

Треба да знаете
Последни објави