Реванш натпреварот во второто квалификациско коло во фудбалската Лига на шампионите, меѓу македонскиот првак Шкупи и хрватскиот Динамо Загреб кој утревечер (21 ч.) ќе се одигра во Скопје на арената „Тодор Проески“ нема да биде пренесуван на ниту една македонска телевизија. Македонските тв-куќи со национална фрекфенција не се заинтересирани да плаќаат за фудбалски натпревар ! Љубителите на фудбалот во Хрватска најверојатно ќе имаат прилика да видат што ќе се случува на теренот во Скопје на ХТВ.
– Кажано ни е дека понудата е коректна и прифатлива и сега чекаме конечен одговор. Преносот од Скопје ќе биде од 21:00 часот на ХТВ2. Преговорите траат цел ден и очекуваме прифаќање на понудата – изјавила Гордана Туџман, директорката на телевизијата.
МРТ, но и останатите ТВ куќи од Македонија со национална фрекфенција не се заинтересирани да ги купат тв-прават. Инаку пренос од Скопје, од дуелот Шкупи-Динамо Загреб ќе емитува и албанската ТВ Суперспорт на својот втор канал.