Чачиќ: Динамо Загреб е фаворит, но има респект за Шкупи

Хрватскиот фудбалски првак Динамо Загреб ја прифаќа фаворитската улога против Шкупи пред утрешниот реванш од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите кој ќе се одигра во Скопје. Првата средба на максимир заврши 2:2. Во пресрет на утрешниот меч, тренерот на „модрите“ Анте Чачиќ истакна дека Динамо посакува пласман во следната рунда од квалификациите во ЛШ.

„Ја прифаќаме фаворитската улога, со оглед на клупското педигре и остварувањата во минатото, но исто така и максимално го респектираме Шкупи. Тие покажаа дека се добар тим на првиот меч на „Максимир“. Подготвени сме, нашата цел е да се пласираме во следната рунда од ЛШ и ќе го дадеме максимумот за да успееме во тоа. Останува утревечер да одиграме многу подобро отколку на првиот натпревар“, изјави тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ.

Натпреварот меѓу Шкупи и Динамо Загреб се игра утревечер, со почеток во 21 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави