За него ова е враќа во Аеродром, каде што претходно настапуваше во периодот помеѓу 2018 и 2021 година. Пред заминувањето во Романија беше избран за МВП на финалната серија, во која сино-белите без проблеми го совладаа Фени индустри (3-0). Претходно, тој мина низ младинските категории на Реал Мадрид, беше дел од кампот на Мајкл Џордан, а настапуваше и за Партизан, додека на македонска сцена играше и за Гостивар и за Фени И.
Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.