Барселонаи Јувентус ремизираа (2:2) на пријателскиот фудбалски натпрева во Далас. Двете екипи имаа свои јунаци на „Котон бол“ стадионот. Усман Дембеле беше главен кај Бареслона, а Моизе Кин кај Јувентус кои ги постигнаа и головите за своите тимови.
Дембеле во 34. минута, на додавање на домашниот миленик, Серџино Дест ја почна серијата, а Кин возврати во 39. минута. Во 40 минута беше 2:1 за Барса, со уште еден погодок на Дембеле.
Потребни беа пет минути игра во вториот дел за Кин да го постави конечниот резултат.