Ристовски: Не ни сонував дека ќе биде вака во Скопје

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски со повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, предводен со капитенската лента од неговиот соиграч од државниот тим Аријан Адеми имаа успешна мисија во Скопје, на реваншот од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите против Шкупи (0:1). Днамо победи и го продолжи европскиот шампионски пат токму со погодокот на Адеми.

-Како дете додека бев во Вардар знаев што значи Динамо и не ни замислував дека еден ден со овој тим ќе играм на стадионот каде што пораснав и ќе бидам во противнички табор. Драго ми е што победивме и што се пласиравме понатаму. Во фудбалот денес нема лесни противници, Шкупи е цврста екипа која игра со два блока. Шкупи е шампион на Македонија и немаше што да загуби во овој двомеч, влегоа многу мотивирани, а најважно е што ние продолжуваме по нашиот пат, изјави Ристовски, за дуелот во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави