Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски се врати во својот поранешен клуб „Работнички”, објави клубот.
Напаѓачот третпат во кариерата ќе го носи дресот на „Работнички” за кого играше во периодот 2006 – 2008 и во периодот 2011 – 2013 година.
– Се чувствувам многу среќен, затоа што се вратив дома. Тоа е секогаш посебно чувство. Емоциите кон Работнички секогаш се максимални, верувам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари целите во претстојната сезона, вели тој.
Велкоски досега има играно за Металург, Кахлаул (Романија), Енозис (Кипар), Инчеон (Јужна Кореја), Након Рачасима (Тајланд) и Сараево (БиХ).