64-годишната Стоун максимално го искористила сончевиот ден покрај базенот и во описот на објавата напишала: „За среќа, несовршено во совршен ден“.
Почнаа да се слеваат коментарите на следбениците: „Икона“, „Легенда“, „Кралица“, „И како божица им се смее на смртниците“, „Не ми се верува дека некој може да изгледа толку добро, „Изгледаш убаво, природно убаво“ , „Се обидувам да откријам што е несовршено“, „Тешко е да ги прифатиме нашите тела кои стареат. Ви благодариме што ни покажавте дека сме убави без разлика на нашата возраст или што животот им направил на нашите тела. Сè уште сме убави и неверојатни“, „Ви благодариме што останавте реални среде сите лаги и уредување фотографии“.
Стоун неодамна откри дека доживеала девет спонтани абортуси. “Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба сами да се справиме и дека тоа е некаков неуспех”, рекла актерката.