Со скандирање ,,Бугари” и примени четири гола Лавовите се враќаат од Софија

Македонија Ѓорче Петров го заврши настапот во Европа откако со 4-0 загуби во реваншот кај ЦСКА Софија во рамките на второто квалификациско коло од Конференциската лига.

По ремито во Скопје и пред се добрата игра против ЦСКА Софија, Македонија ЃП на реваншот отпатува со надеж дека може да се надигрува и на гостински терен со противникот кој важеше за фаворит во овој двобој.

Но македонскиот тим прими четири гола и со убедлив пораз од 4-0 се враќа во Скопје. Дури три од четирите погодоци беа примени од корнер.

Maкедонскиот претствавник во Конференциската лига не беше пријателски пречекан во Софија.

Во текот на мечот, навивачите на ЦСКА Софија скандирале „Бугари, Бугари“ кој фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров.

Според бугарскиот портал „Б-Спорт“, фудбалерите на македонскиот тим ги игнорирале провокациите на домашните фанови.

Треба да знаете
Последни објави